dcsimg

Lifespan, longevity, and ageing

добавил AnAge articles
"Maximum longevity: 8 years Observations: As in other social insects, workers and queens have distinct lifespans in the honey bee. Queens have been reported to live up to 8 years. Workers have a short lifespan due to foraging but can live 0.2-0.4 years if prevented from foraging. In the winter, workers can develop into a stress-resistant form called the "diunitus" and live up to 0.9 years (Haddad et al. 2007)."
лиценца
cc-by-3.0
авторски права
Joao Pedro de Magalhaes
уредник
de Magalhaes, J. P.
соработничко мреж. место
AnAge articles

Западна медоносна пчела

добавил wikipedia emerging languages
 src=
Западна медоносна пчела

Медоносна пчела (латински: Apis mellifera, Apis mellifica ), или позната како: евроафриканска медоносна пчела, европска медоносна пчела – вид пчела која припаѓа на редот на хименоптера. Од 20 000 познати видови пчели, само шест произведуваат и складираат мед. Четирите видови од нив се одгледувани од страна на човекот, Apis mellifera (евроафриканска медоносна пчела), Apis florea (мала индиска пчела), Apis cerana и Apis dorsata (голема индиска пчела). Тие се одгледувани уште од антички Египет.

Распространета е низ целиот свет и само овој вид на пчели живее во кошници. Нивните карактеристики се добро познати, па одгледувачите ги нарекуваат домашни пчели .

Поделба

Оваа медоносна пчела се дели на два подвида: црна или темна (Apis mellifera mellifica L.) и жолта (Apis mellifica faciata L. ). Основата за оваа поделба е бојата на пигментот на кутикулите. Подвидовите се поделени на раси или соеви, кои имаат имиња од крајот од каде потекнуваат.

Медоносната пчела има четири основни раси одредени преку бојата на кутикулите, пигментниот индекс, должината на јазикот на пчелите работнички, склоноста кон природно роење, склоноста кон кражба, отпорноста на болести и слично. Тие раси се:

  1. темна европска пчела (Apis mellifica var. mellifica L.)
  2. Кавкаска сива пчела (Apis mellifica var. caucasica Gorb.)
  3. Италијанска пчела (Apis mellifica var. ligustica Spin.)
  4. Крањска пчела (Apis mellifica. var carnica Polm.)

Најзастапени видови

Вид Потекло Мед Восок Полен Прополис Матичен млеч Пчелин отров Apis mellifera Европа, Африка xx xx xx xx xx xx Apis cerana Азија xx xx x x x x Apis dorsata Азија xx xx x x x x Apis florea Азија xx xx x x x x Apis Meliponinae тропски области xx xx x x
  • x = собрано и произведено од страна на пчелите
  • xx = производи за комерцијален пазар

Потекло и развој

Медоносната пчела е вид на инсект која потекнува од Југоисточна Азија (вклучувајќи ги и Филипините ). Првите траги од медоносните пчели се пронајдени на фосил од пред 40 милиони години во текот на еокенскиот период.

Медоносната пчела како најзастапена пчела, веројатно потекнува од тропска Африка од каде се ширела кон Европа и Азија. Исто така е наречена и „западна пчела“. Постојат многу подвидови кои се прилагодиле според нивниот географски и климатски простор.

Циклус на развој

Развој на пчелите во денови:

  • работнички: 21-24
  • трутови: 24-32
  • матици: 16-17

Општи карактеристики

Медоносните пчели живеат во семејства кои се составени од голем број на пчели работнички, чиј број се движи од 10 до 80.000 единки[3], едена матица и во сезона на паша од неколку стотици до неколку илјади машки единки - трутови. Пчелата како единка не е способна за живот и како таква брзо пропаѓа.

Пчелното семејство е цврсто изградена заедница, во која работата е хармонично распоредена. Целата работа на индивидуата му служи само на заедницата, така што може да се спореди со организмот каде секоја клетка има своја функција.

Состав на пчелна заедница

Општеството на пчели се состои од жени (матица) и машки членови на општеството.

Матица

 src=
Орев . Пчеларот додаде жолто место за да ја препознае нејзината возраст.

Матицата е единствената полово зрела жена во групата на пчели, чија задача е да несе јајца и со тоа да се обезбеди опстанок на семејството како и држење на пчелното семејство заедно со лачење на феромон. Од оплодените јајца се развиваат женки (работнички или матици), додека машките (трутовите) се развиваат од неоплодени јајца. Матицата може да снесе 2.500 до 5.000 јајца на ден.

Едно пчелно семејство може да има само една матица. Ако се појават повеќе матици, ќе има поделба на семејството пчели со природно роење или пак конфликт меѓу матиците ривалки, при што ќе остане најсилната и најспособната.

Матицата ја оплодуваат трутовите. За време на животот матицата излегува од кошница само еднаш и исклучително ако дојде до роење. Оплодената матица ги положува јајцата во ќелии од саќето.

Матицата се разликува од пчелата работничка по изгледот: телото на матицата е многу подолго и абдоминалниот дел е поотворен (бронзен) по боја, нозете ѝ се подолги, а грбот ѝ е без влакна. На задните нозе нема корици за одлагање на цветниот прав (како работничките), а формата на нејзиното осило е различна од онаа на работничките.

Матицата во кошницата се движи во правец на Сонцето . Во утринските часови е во источниот дел од кошница, напладне помеѓу централните рамки и во вечерните часови на западната страна.

Пчела работничка

 src=
Тело на пчела: А- Глава, В- гради и С- абдомен

Пчелата работничка е полово неразвиена пчела. Ги извршува сите задачи во пчелното семејство освен размножувањето: го храни леглото, собира нектар, полен, прополис (пчелна смола), гради саќе, одржува температура и влажност во кошницата, одржува чистота, ја штити кошница од натрапници, ја храни и ја негува матицата, произведува мед, матичен млеч. Животот на пчелата работничка е многу краток и трае од 30 до 45 дена во полната сезона. Само пчелите изведени во втората половина на летото и на есен живеат по неколку месеци за да го одржат пчелното семејство преку зима. Покрај другите органи пчелата има и осило кое им служи за одбрана од сите кои ја загрозуваат неа или пчелното семејство. При убодот преку осилото пчелата вбризгува отров во раната а заедно со осилото останува и кесичката со отров, па затоа пчелата после убодот за кратко време умира.[3]

Трут

Трутот е полово развиена машка пчела и една кошница отприлика содржи пет до шестотини. Тие се изведуваат од неоплодени јајца. Целта на машките пчели е да се спарат со матицата.

Нив ги има во пчелното семејство од почетокот на пролетта до есен, додека не престане пашата. Штом престане пашата и пчелното семејство почне да се спрема за зима, пчелите не ги пуштаат трутовите да влезат во кошницата а тие кои се затекнале во кошницата ги тераат во делот каде што нема храна, па така умираат од глад или од студ. Во сандакот трутовите ги има околу еден процент во однос на пчелите работнички. Тие се познаваат по тоа што се поголеми од пчелата работничка, а малку помали од матицата и крилата им се подолги од стомакот што не е случај кај пчелите работнички. Трутовите живеат пет до шест недели, а способни се да ја оплодат матицата после 12 дена од денот на изведувањето кога стануваат полово зрели. После оплодувањето на матицата трутот умира бидејќи половите органи му се откинуваат и остануваат во половите органи на матицата.[3]

Поврзано

Наводи

  1. De la Rúa, P., Paxton, R.J., Moritz, R.F.A., Roberts, S., Allen, D.J., Pinto, M.A., Cauia, E., Fontana, P., Kryger, P., Bouga, M., Buechler, R., Costa, C., Crailsheim, K., Meixner, M., Siceanu, A. & Kemp, J.R.. Apis mellifera. „IUCN Red List of Threatened Species“ том 2014: e.T42463639A42463665. https://www.iucnredlist.org/species/42463639/42463665. посет. 23 јули 2017 г.
  2. Western honey bee. 2019 г. ISSN 2307-8235. https://www.iucnredlist.org/species/42463639/42463665. посет. 1 мај 2019 г.
  3. 3,0 3,1 3,2 [ https://www.pcela.mk/ Сè за пчелите] на семрежното место на Пчела

лиценца
cc-by-sa-3.0
авторски права
Автори и уредници на Википедија
изворно
посети извор
соработничко мреж. место
wikipedia emerging languages

Западна медоносна пчела: Brief Summary

добавил wikipedia emerging languages
 src= Западна медоносна пчела

Медоносна пчела (латински: Apis mellifera, Apis mellifica ), или позната како: евроафриканска медоносна пчела, европска медоносна пчела – вид пчела која припаѓа на редот на хименоптера. Од 20 000 познати видови пчели, само шест произведуваат и складираат мед. Четирите видови од нив се одгледувани од страна на човекот, Apis mellifera (евроафриканска медоносна пчела), Apis florea (мала индиска пчела), Apis cerana и Apis dorsata (голема индиска пчела). Тие се одгледувани уште од антички Египет.

Распространета е низ целиот свет и само овој вид на пчели живее во кошници. Нивните карактеристики се добро познати, па одгледувачите ги нарекуваат домашни пчели .

лиценца
cc-by-sa-3.0
авторски права
Автори и уредници на Википедија
изворно
посети извор
соработничко мреж. место
wikipedia emerging languages