Цикасовите растенија се стара група на семени растенија кои се карактеризираат со голема круна од сложени лситови и кратко стебло. Тие се зимзелени, голосемени и дикотиледонски растенија. Често се мешаат со палмите или папратниците, но не се поврзани со ниеден од нив, а припаѓаат на одделот Cycadophyta.
Цикасовите растенија се распространети во суптропските и тропските делови на светот. Тие може да се сретнат во Јужна Америка, Средна Америка (каде се најраспространети), Австралија, Пацифичките Острови, Јапонија, Кина, Индија, Мадагаскар и во јужниот и тропски дел на Африка, каде постојат 65 видови. Некои од цикасите се приспособени за живот на сурова полупустинска клима и можат да растат на песочна, па дури и карпеста подлога. Може да се изложени на директно Сонце или сенка, а некои се и толерантни на солена вода или почва. Цикасовите растенија се мала компонента на царството на растенијата денес, но за времето на диносаурусите тие биле доста застапени. Од овие растенија се прави саго.
Тие се специјализирани опрашувачи, а влегуваат во симбиоза со цијанобактерии при што го врзуваат слободниот азот од атмосферата. Цијанобактеријата со која е цикасот во симбиоза произведува невротоксин наречен BMAA кој се содржи во плодот на цикасовите растенија.
Постојат околу 289 видови, 11 родови и 3 фамилии цикасови растенија: