Белоушка или „барска змија“ (науч. Natrix natrix) — змија од потфамилијата барски змии (Natricinae) во состав на фамилијата смокови (Colubridae). Овој вид на змија не е отровен. Присутна е во Македонија.
Зад главата од двете страни има бело-жолти дамки во полумесечеста форма. Бојата на телото варира, но најчесто е сива со мали црни дамки, додека на долниот дел е бел и исто така е прекриен со црни дамки. Исто така, постои и целосно црн вид.
Максималната должина може да изнесува од 2-3 метри, но најчесто растат од 1-1,5 метри.
Се хранат со мали риби, жаби, додека со глувци и помали птици се хранат откако најпрво ќе ги задават. Кога лови се прикрадува и набрзина го фаќа својот плен.
Женките во лето положуваат јајца на топло и влажно место. За таа цел може да послужи депонијата на зеленчук во фаза на распаѓање, бидејќи распаѓањето формира топлина која е потребна за развој на потомството. Јајцата се обвиткани со мека мембрана, и често меѓусебно се залепени заедно. Постои верување дека јајцата имаат чудотворни својства, и се нарекуваат петлови јајца.
Белоушката е една од најраспространетите змии во Европа, исто така може да се сретне и во западна Азија и северна Африка. Живее во мирни и слатки барски води, а поретко може да се види и во човечки населби. Се брани од луѓето така што се свиткува во куп и напаѓа со заби или со изметот.
|accessdate=
(помош) (англиски) Белоушка или „барска змија“ (науч. Natrix natrix) — змија од потфамилијата барски змии (Natricinae) во состав на фамилијата смокови (Colubridae). Овој вид на змија не е отровен. Присутна е во Македонија.