dcsimg

Лештарка ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Лештарка или обична лештарка (науч. Tetrastes bonasia syn. Bonasa bonasia) — птица од родот лештарки (Tetrastes) и меѓу помалите членови на фамилијата на тетребите. Видот е непреселнички, присутен ширум северна Евроазија, на исток до Хокаидо (Јапонија), а на запад сè до средна и источна Европа. Живее во густи мешани иглолисни шуми, по можност онаму кајшто има смрча. Присутна е и во Македонија[3], каде во 2014 г. се забележани 312 единки.[4]

Гнездото го прави на земја и положува по 3–6 јајца. Женката ги квачи јајцата и самостојно се грижи за младите во текот на нивниот развој, што е типично за ловните птици.

Птицата е долга 35-39 см. Перјето има ситна шара, но горниот дел е претежно сив, крилата се кафеави, а од долната страна е просеано со дамки со костенлива боја.

На главата мажјакот има кратка ќулавка што ја исправаат и црн врат обрабен со бело. Женката има помала ќулавка и нема црн врат. Во лет може да се забележи сивата опашка со црн завршеток.

Мажјаците се огласуваат со ти-ти-ти-ти-ти, додека пак женките имаат послеано тет-тет-тет-тет-тет. Огласувањето и претањето на крилата честопати се единствениот начин да се утврди присуството на оваа птица, поради нејзината плашливост и густината на дрвјата што ги населува.

Птицата се храни на земја, претежно со растенија. Во сезоната на парење исхраната ја дополнува со инсекти.

Наводи

  1. BirdLife International (2004). Bonasa bonasia. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2008. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 11 мај 2006. (англиски)
  2. Алан П. Питерсон. „Птици на светот — Тековни научни имиња на птиците“. конс. 27 јануари 2010. (англиски)
  3. Некритички список на птиците во Македонија - Македонско еколошко друштво, 10 септември 2012
  4. „Лештарка - Бројна состојба на дивечот,по години по региони“. Државен завод за статистика на РМ. конс. 3 февруари 2016.

Галерија

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Лештарка: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Лештарка или обична лештарка (науч. Tetrastes bonasia syn. Bonasa bonasia) — птица од родот лештарки (Tetrastes) и меѓу помалите членови на фамилијата на тетребите. Видот е непреселнички, присутен ширум северна Евроазија, на исток до Хокаидо (Јапонија), а на запад сè до средна и источна Европа. Живее во густи мешани иглолисни шуми, по можност онаму кајшто има смрча. Присутна е и во Македонија, каде во 2014 г. се забележани 312 единки.