TraitBank
Екипата за раководење со техничка и податоци на EOL се повикуваат на структурираните податочни ресурси во за одлики и други податоци за особеностите, еколошките односи и нашата матична класификација, Динамичката работна хиерархија, збирно наречени TraitBank. Со овие содржини работиме малку поинаку отколку со класичната содржина како сликите, видеата, звуците и описниот текст, и корисна е за различни нешта.
TraitBank е помлад од остатокот од EOL; првично е осмислен од директорката на Групата за посебни страници, Синтија Пар, а ја воведовме на EOL верз. 2 во јануари 2014 г. Оттогаш наваму, структурираните податоци за нас претставуваат највисок приоритет во разработката на содржини.
Сега можете да ја пребарувате или прелистувате EOL според стуктурираните податоци, или пак да ги преземете; ќе ги сретнете во новото јазиче за преглед во облик на автосоздаден текст. Како и сите останати содржини на EOL, тие се достапни за надворешна употреба и содржат подробни приписни податоци за да можете да ги наведувате во вашата работа.
Овие податоци се моделирани како график на својства во neo4j. На располагање имаме и Податочни услуги.