dcsimg
Image of Kermes Oak
Creatures » » Plants » » Dicotyledons » » Beech Family »

Kermes Oak

Quercus coccifera L.

Прнар ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages
 src=
Даб прнар во природно живеалиште во Турција
 src=
Прнар во природни живеалишта (Француска Ривиера)

Прнар (латински: Quercus coccifera) – вид даб што расте како шумјак, наменет за кастрење за добиточна храна.[2] Прнарот е зимзелено ниско дрво од родот дабови, по потекло од Средоземјето.

Распространетост

Прнарот како самоник расте во јужна Европа, Мала Азија, северозападна Африка,[3] Сирија и Палестина. Неговиот ареал во Европа се простира долж целото Средоземје, најмногу на Пиринејскиот Полуостров, а потоа на југ на Балканскиот Полуостров. На Апенинскиот Полуостров го има во Апулија, а мал ареал се простира и во атлантското приморје. Извесна континенталност се гледа во продирањето во Шпанија и Македонија. Во Хрватска и Црна Гора се јавува долж брегот на Јадранското Море.[4][5]

Во Македонија се простира до надморска висина од 670 метри, во Бугарија на јужните Родопи до 800 метри, а во Грција до 1.100 метри.[5]

Опис

Прнарот е ниско, зимзелено дрво. Ретко достига висина од 10 м, со граден пречник на стеблото од 10 до 50 см. Кората на стеблото е густо и плитко испукана. Крошната е густа. Младите гранчиња се покриени со ѕвездести влакненца, а изданоците се ситни, скоро голи.[4] Кореновиот систем се одликува со јако развиен централен корен со бројни странични жили.[6]

Листовите се ситни, долги 2 до 5, а некогаш и само 1 см, долгунесто јајчести. Кожести се, крути, со јака кутикула и голи, освен по нервите каде се видливи ситни влакненца. На лице се сјајни, зелени, на наличје бледо зелени. По ободот се брановити, трнливо назабени и повиен надолу. Петелката е долга 3 до 4 мм. Листовите на гранките остануваат 3−4 години.[4]

Цветовите се еднодомни и еднополни, собрани во соцветија. Машките цветови се во висечки реси, а женските седечки, на кратки дршки. Цвета од март до мај.[3] Плодот е кус и дебел желад, долг до 3 см и широк до 1,5 см, со купула која е скоро седечка (без петелка). Купулата е прекриена со лушпи (стипули) кои се тврди, зашилени, оддалечени од основата. Желадот е една третина, или повеќе, во купулата. Созрева во август−септември втората година.[4]

Живеалиште

Прнарот е топлољубив вид, кој најдобро расте на присојни места. Поднесува и полусенка.[3] Му одговараат сиромашни, најчесто варовнички земјишта, но се јавува и на силикатни. Со другите средоземни видови гради макии и гариги[5] Гради шумјаци со црн јасен на јадранскиот брег и со Coccifero-Carpinetum orientalis во јужна Македонија.[4]

Има силна и трајна моќ за потерувања од пенушки и корени, па почесто се наоѓа на пенушки и корени, додека поединечни стебла добиени од семе, се многу ретки и може да се најдат главно во декоративни зелени површини.[5]

Употреба

Во време на немаштија и глад и желадите од прнарите, како и желадите од многу други видови дабови, се користеле како храна.

 src=
Крмузни (темноцрвени) чемери на лисјето на даб прнар

Свежите лисја не би требало да се користата бидејќи танинот во нив делува на другите растенија како инхибитор на растот.[7]

Во рамките на природниот ареал, прнарот може да се користи за формирање високи живи огради.[4]

Занимливости

  • На дабјето често се јавуваат гали, израстоци предизвикани од активности на ларви на разни инсекти. Инсектите живеат во овие гали и од нив црпат хранливи материи. Во галите на прнарот живеат штитести вошки од родот кермес (Kermes vermilio). Од телата на мртвите женки на овие инсекти се добива крмуз боја (темноцрвена).[3] Името на видот coccifera потекнува од латинскиот збор coccum (алово црвено).[8] Од кората и семето, богати со танини, исто така се добива црна боја.[7]
  • Дабот прнар е заштитен вид на сите природни живеалишта во Хрватска од 9. 5. 1969 година.[5]

Поврзано

Наводи

  1. ThePlantList kew-172199 Quercus coccifera L.
  2. „прнар“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Quercus coccifera“. Missouri Botanical Garden. конс. 12. 12. 2016. Check date values in: |accessdate= (помош)
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Vukićević 1993, стр. 282−283
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Najvirt, Željko; Miličević, Ante; Meštrović, Šime (јун 2008. г). Areal hrasta oštrike (Quercus coccifera l.) u zapadnom dijelu poluotoka Pelješca. „Šumarski list“ том 132 (5-6): 253-258. http://hrcak.srce.hr/25854.
  6. QUERCUS COCCIFERA L.. „Moja bašta“. http://www.mojabasta.com/atlas-biljaka/item/quercus-coccifera-l.html.
  7. 7,0 7,1 „Quercus coccifera - L.“. Plants For A Future. конс. 12. 12. 2016. Check date values in: |accessdate= (помош)
  8. „Oštrika“. Priroda i biljke.

Литература

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Прнар: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages
 src= Даб прнар во природно живеалиште во Турција  src= Прнар во природни живеалишта (Француска Ривиера)

Прнар (латински: Quercus coccifera) – вид даб што расте како шумјак, наменет за кастрење за добиточна храна. Прнарот е зимзелено ниско дрво од родот дабови, по потекло од Средоземјето.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија