Евла (науч. Alnus) — род на цветни растенија од семејството брези (Betulaceae). Родот опфаќа 30 видови дрва и грмушки распространети ширум северниот умерен појас.
Со неколку исклучоци, евлите се листопадни растенија со наизменични прости и назабени листови. Цветовите се во облик на реси од два пола на секое дрво. Машките реси се издолжени, а женските се пократки и често излегуваат пред да се појави зеленилото. Се опрашуваат претежно со ветерот, но и од пчели, во помала мера. Евлата се разликува од брезата (Betula, другиот род од семејството) по тоа што женските реси се дрвенести и не се распаѓаат кога ќе узреат, туку се отвораат и го ослободуваат семето слично како шишарките кај четинарите.
Најголеми видови на евла се црвената евла (A. rubra) што расте на западното крајбрежје на Северна Америка и црната евла (A. glutinosa), која е автохтона во речиси цела Европа и денес распространета низ светот. Обете надминуваат 30 м во височина. За разлика од нив, мошне застапената зелена евла (Alnus viridis) е грмушка која ретко надминува 5 м.
Во Република Македонија се среќаваат црната и зелената евла. Црната вирее во крајречните предели, додека пак зелената се среќава само на едно високо место на планината Беласица.[1]
Листовите (и напати ресите) на евлата се храна за разни пеперутки и молци.
Црната и зелената евла важат за штетни растенија во Нов Зеланд.[2]
Евлата е значајна по симбиотичниот однос со актиномицетната бактерија Frankia alni што го врзува азотот. Бактеријата живее во јазлените израстоци на корењата што достигнуваат големина на тупаница, имаат мали вдлабнатини и по поја се светлокафеави. Бактеријата го впива азотот од воздухот и му го предава на дрвото. Евлата пак, на бактеријата ѝ дава шеќери, добиени со фотосинтеза. Поради овој заемно корисен однос, евлата ја подобрува плодноста на почвите кајшто расте, и како пионерски вид, придонесува со дополнителен азот за сукцесивните видови што ѝ следат.
Деланките од извесни видови на евла се користат за чадење на разни прехранбени артикли, особено лосос и други видови морска храна.
Најголемиот дел од колците врз кои е изграден градот Венеција се добиени од евли.[3]
Кората на евлата ја содржи противвоспалителната супстанција салицин, која во телото се метаболизира како салицилна киселина.[4] Кората на црвената евла им служела на индијанците како лек против извесно труење, каснување од инсекти и надразнувања на кожата, лимфни заболувања и туберкулоза. Неодамнешните клинички испитувања укажуваат на присуството на бетулин и лупеол во црвената евла, кои се соединенија делотворни против разни тумори.[5]
Некои електрични гитари се прават од евлино дрво. Најпознати примери се „Фендер стратокастер“ и „Фендер телекастер“. Дрвото се кристи и во столаријата за изработка на креденци, регали и сл.
Родот е поделен на три подрода:
подрод Alnus: Дрва со изданоци со дршки; машките и женските реси излегуваат на есен, но презимуваат затворени, опрашувајќи се доцна во зимата или рано на пролет; околу 15–25 вида:
подрод Clethropsis. Дрва и грмушки со изданоци со дршки; машките и женските реси излегуваат на есен и тогаш се шират и опрашуваат; три вида:
подрод Alnobetula. Грмушки со изданоци без дршки; машките и женските реси излегуваат доцна на пролет (по раззеленувањето на лисјата) и тогаш се шират и опрашуваат; еден до четири вида:
|date=, |accessdate=
(помош) Евла (науч. Alnus) — род на цветни растенија од семејството брези (Betulaceae). Родот опфаќа 30 видови дрва и грмушки распространети ширум северниот умерен појас.