Араукариите (науч. Araucariaceae) — многу стара фамилија на иглолисни дрва. Најголема разновидност достигнале во периодите јура и креда, кога растеле ширум целиот свет. На крајот од кредата, со изумирањето на диносаурусите изумреле и сите араукарии на северната полутопка.
Видовите од оваа фамилија се мошне грамадни зимзелени дрва[1] што достигнуваат и над 60 м во височина[2] и некои од нив имаат огромна маса. На пример, Новозеландското дрво „Тане Махута“ („Господар на шумата“), примерок од видот каури (Agathis australis) е високо 45,2 м со пречник од 491 см и вкупна дрвна кубикажа од 516,7 м3.[3] Со тоа, ова е трето иглолисно дрво по големина, веднаш по секвојата и џиновската секвоја (обете од фамилијата Чемпреси).[1]
Стеблата се столбести и имаат релативно голема срцевина со смолеста средина.[4] Гранките растат хоризонтално и подредени една над друга, во венци од по три до седум гранки или наизменично во широко раздалечени парови.[5]
Листовите се мали, иглести и закривени, а кај некои се големи широко јајцевидни и сплеснати.[6] Подредени се спирално и доследно, и најчесто имаат напоредни жилички.[1]
Некои дрва имаат и женски и машки гамети, а пак други се само од еден пол.[7] Како и другите четинари, араукариите имаат шишарки.
Машките шишарки се меѓу најголемите во природата. По облик се цилиндрични и малку свиткани (налик на рески). Растат самостојно на врвовите од гранките или аксилите на листовите. Содржат многу спорофили распоредени во венчиња или спирали. Секоја на едниот крај има од четири до дваесет поленови ќесички од долната страна. Поленовите зрнца се обли и немаат крилца или набабрени делови.[1][5][6]
Женските шишарки исто така се многу големи. По облик се топчести до јајцевидни и растат исправени на дебелите кратки фиданки на врвот од гранките. Бројните ливчиња и лушпи се споени едни со други или пак се цепат на половина од должината.[1][5][6] Лушпите речиси секогаш имаат само по една семка (на горната страна), за разлика од вистинските борови, кои имаат по две.[8] И овие се многу големи, меѓу најголемите семиња кај четинарите. Имаат крилца со чија помош е едрат по ветерот и така се распрснуваат. Кога ќе созреат, женските шишарки паѓаат од гранка.[1][5][6] Доколку падне врз човек или животно, шишарката може да предизвика тешки повреди поради нејзината тежина и гломазност. На пример, шишарките на буњскиот бор (Araucaria bidwillii) имаат димензии како голем ананас, тежат 4,5 до 6.8 кг и паѓаат од висина до 23 м.[8]
Араукариите влегуваат во редот Боровидни (Pinales), класа Pinopsida од одделот Четинари (Pinophyta). Во овој оддел спаѓаат сите денешни иглолисни растенија. Меѓутоа од неодамна некои стручњаци ги сметаат араукариите за посебен род, кој го нарекуваат Araucariales.[1]
Араукариите денес имаат три рода со околу 41 вид.[4]
Ова е филогенијата на четинарите според кладистичката анализа на молекуларните податоци, каде може да се види положбата на араукариите во рамките на одделот.[9]
Денес на науката ѝ е познат 41 вид, и тоа во три рода: Каури, Араукарија и Волемија. Сите водат потекло од антарктичката флора и распределени се главно низ јужната полутопка.
Во голема мера највеќе видови се среќаваат во Нова Каледонија (18 вида), а останатите се распоредени во Австралија, Аргентина, Нов Зеланд, Чиле, јужен Бразил и Малезија. Во Малезија, ареалот на Каурите малку навлегува и во северната полутопка, достигнувајќи 18° СГШ на Филипините.
Неколку вида уживаат голема популарност во градинарството во суптропскиот појас, а некои имаат големо стопанско значење како извор на висококвалитетна дрвена граѓа. Неколку од нив имаат семки што се користат во кулинарството (налик на боровите семки), а други пак даваат скапоцена смола и килибар. Во шумите кајшто растат, овие дрва се најголеми и најдоминантни. Најголемо дрво е Araucaria hunsteinii, од Нова Гвинеја (со примерок од 89 м), а други достигнуваат 50–65 м во висина. Разнолисната араукарија (Araucaria heterophylla) од Норфолшкиот Остров е мошне застапена во пејзажното уредување и како собно растение.
|accessdate=
(помош) |accessdate=
(помош) |accessdate=
(помош) |accessdate=
(помош) |accessdate=
(помош) Араукариите (науч. Araucariaceae) — многу стара фамилија на иглолисни дрва. Најголема разновидност достигнале во периодите јура и креда, кога растеле ширум целиот свет. На крајот од кредата, со изумирањето на диносаурусите изумреле и сите араукарии на северната полутопка.