Белоглавиот мршојадец (Gyps fulvus) е голема птица, која спаѓа во фамилијата на јастребите. Ја има во Македонија.
Белоглавиот мршојадец е долг 93-122 cm, и со распон на крилјата од 2,3-2,8 m. Maжјаците тежат 6,2-10,5 kg, а женките 6,5-11,3 kg.[2][3] Типичниот стар вид на мршојадците е со бела глава, со голем распон на крлјата и краток опаш. Тие имаат бел грб и жолтеникава боја преку целото тело. Имаат големо тело и темни пердуви.
Како и другите мршојадци тој е чистач и главно се храни од мртвите животни кои ќе ги забележат бидејќи тие најчесто се движат во јата. Живеат на карпите и од таму имаат голем преглед на просторот. Максималниот животен век на еден мршојадец е 41 година[4] за примерок во заробеништво.
Женките најчесто се гнездат на карпи и несат по едно јајце. Го лежат двата родитела, а инкубацијата трае 48-53 дена. Младенчето го напушта гнездото на возраст од 3 месеца.
|coauthors=
(помош) Белоглавиот мршојадец (Gyps fulvus) е голема птица, која спаѓа во фамилијата на јастребите. Ја има во Македонија.