dcsimg

Летен јоргован ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Летниот јоргован (науч. Buddleja davidii, застарено Buddleia davidii) — грмушка од фамилијата Будлеи. Растението потекнува од северозападна Кина и Јапонија. Нашироко се користи како украсно растение, а се одгледуваат и многубројни сорти. И покрај името, ова растение не е јоргован.

Во многу земји, како на пример Англија, ова е инвазивно растение, а пак во сојузните држави Орегон и Вашингтон во САД, летниот јоргован се смета за штетен коров .

Овој вид е натурализиран во највеќето градови во средна и јужна Европа, каде може да се прошири по пустелии и градини. Летниот јоргован претставува важен дел од исхраната на многу видови на пеперутки.

Растението не е прилагодено на остри континентални зими, и угинува на температури под -15 °C до -20 °C.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија